Економија, финансии, бизнис

Контакт

КО ШТО ГО ИЗБРКАА ОД АВТОБУСОТ, ТАКА ГО ИЗБРКАА И ОД ДРЖАВАТА - Метафорички наслов за страшна ситуација

КО ШТО ГО ИЗБРКАА ОД АВТОБУСОТ, ТАКА ГО ИЗБРКАА И ОД ДРЖАВАТА - Метафорички наслов за страшна ситуација

Ужасната состојба со јавниот превоз во главниот град ја покажува видеото објавено на социјалната мрежа Фејсбук, во кое се гледа како повозрасни граѓани упорно се качуваат во преполн автобус.

За да биде ситуацијата уште полоша, иако автобусот се обудува да тргне од станица, не може да ги затвори вратите, а луѓето се обидуваат со сила да се качат во автобусот. 

Поради непријатната ситуација во која се најдоа дел од патниците, еден млад дечко се симна од автобусот, неможејќи да го поднесе однесувањето на останатите патници. 

Лицето кое го објави виедеото во групата „Приказни од булеварот“, со доза на иронија напишал:

- Како што овој млад човек го избркаа од автобусот така го избркаа и од државата....

Метафорички но и реално - пишува во постот. 


Секако оваа објава беше повод за дополнителни коментари.


Фото: Принтскрин/Фејсбук 

Слично

Поврзани вести