Економија, финансии, бизнис

Контакт

Книжарницата „Антолог“ загуби десетици илјади книги по вчерашното невреме во Скопје

Книжарницата „Антолог“ загуби десетици илјади книги по вчерашното невреме во Скопје

Книжарницата „Антолог“ објави дека по вчерашното невреме во Скопје загубила десетици илјади книги во магацинските простории и за тоа, меѓудругото, прстот го впери кон градските власти и негрижата околу инфраструктурата.

„Драги Антологџии,

„Антолог“ каков што го познавате и го сакавте – повеќе не постои.

Огромното невреме што вчера ги погоди Скопје и реонот на Кисела Вода и јавната канализациска инфраструктура што ја немаме или е несоодветно изведена, доведе до целосно поплавување на нашите магацински простории.

Загубата, и материјално и емотивно, е неверојатно голема. 

27 години труд на генерации луѓе кои се вложија секој на свој начин во оваа издавачка куќа, во овој дом на книгата, се помножени со нула.

Десетици и десетици илјадници книги, возило, целосниот инвентар, техника, речиси сè е неповратно уништено. 

Визијата на една приказна во која сите заедно се вложивме и ја градевме – достоинствено, чесно, трудољубиво, визионерски, искрено, пасионирано, со љубов од дното на душата и секогаш, буквално секогаш, постепено – скала по скала, страница по страница, ден по ден, сон по сон, се распадна.

Срцето ни е скршено, се чувствуваме целосно поразени.

Тие неколку часа додека напразно чекавме кој било каде што се јавивме да дојде да помогне во обидот да се справиме со водената стихија, го одзедоа нашето минато, сегашност, а најверојатно и иднината“, објави „Антолог“.


Слично

Поврзани вести