Економија, финансии, бизнис

Контакт

Книгата на Андов „До атентатот и по него“ слободно ќе се продава

Книгата на Андов „До атентатот и по него“ слободно ќе се продава

Укината е забраната за продажба на книгата на поранешниот претседател на Собранието на Македонија , Стојан Андов. Апелацискиот суд ја укина забраната за продажбата на книгата „До атентатот и по него“ и истата отсега ќе може да се продава во книжарниците низ земјава.

Инаку, пред неполн месец судот донесе одлука за забрана на книгата на Андов, поради тужбата на Љубомир Фрчковски.

Поранешниот министер за внатрешни рабти, Фрчковски го тужеше Стојан Андов поради повреда на личните права.

Андов тогаш рече дека ќе ги искористи сите правни средства за да се укине одлуката. Според него, книга која зборува за важни периоди од историјата на нашата земја да се забранува да се продава е лош потег.


Слично

Поврзани вести