КЛУЧ НА ВРАТА ЗА 7 ЛОКАЛИ - фатени како работат и покрај забраната
МВР соопшти дека попладнево затвориле седум локали во северниот дел на главниот град на земјава, заедно со Пазарниот инспекторат.
Тие работеле и покрај забраната, поради што ќе имаат клуч на врата се додека трае владината мерка.
„Министерството за
внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат
денеска попладне презеде мерки за затворање локали во северниот
дел од Скопје кои не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно
седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е
донесена од страна на Владата на РСМ“, тукушто информираа од Полиијата.
Фото:МИА
Слично
