КЛУБОВИТЕ МОШ И МАККА ГЛАСНО ПУШТАЛЕ МУЗИКА: Општина Центар ги предупреди
Општина центар соопшти дека од почетокот на месецов инспекциските служби на оштината ја мерат бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на оваа територија. Информираат дека изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина биле на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеле засилени контроли во угостителските објекти.
-По извршените мерења, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, (Мош и Макка), им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ апелира до сопствениците и управителите на угостителските објекти да се придржуваат до постечките правилници, да бидат обзирни кон жителите кои живеат во близина на локалите и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животна средина.
-Во спротивно, за секое надминување на граничните вредности, ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки и ќе бидат изречени ригорозни казни, пишува Боградович во објавата.
