Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клубот за бугарско-македонско пријателство реагира дека против Колозова имало говор на омраза

Клубот за бугарско-македонско пријателство реагира дека против Колозова имало говор на омраза

Клубот за бугарско-македонско пријателство застана во одбрана на Катерина Колозова. 

Членовите на Клубот за бугарско-македонско пријателство излегоа со став дека со загриженост ги следат настаните од последните денови во Северна Македонија.

Според нив, недозволиво е мислењето на нивните членови во јавниот простор и социјалните мрежи да бидат предмет на говор на омраза, како што е случајот со нивната членка, македонската филозофка Катерина Колозова, за која „во последните денови имаше повици за самоубиство, па дури и за убиство“.

Клубот ги осудува овие постапки и стоиме зад правото на изразување на нивниот член, граѓански активист и научник со меѓународна слава, наведуваат тие. 

Колозова пред неколку дена на нејзиниот Фејсбук профил ги навреди патриотите нарекувајќи ги „гнасни“. 

Слично

Поврзани вести