Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: СМЕТКАТА БЛОКИРАНА, ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ УШТЕ ТВРДИ ДЕКА НЕМА „ХАЈКА“ - Поднесена жалба на блокадата

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: СМЕТКАТА БЛОКИРАНА, ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ УШТЕ ТВРДИ ДЕКА НЕМА „ХАЈКА“ - Поднесена жалба на блокадата

Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека и покрај тоа што имаме блокирани сметки секојдневно работиме, правиме сложени кардиохируршки зафати и спасуваме животи на наши граѓани. Исто така после пет дена сметките остануваат блокирани.

Обвинителната Искра Хаџивасилева пред медиумите изјави, - „Ова не е некаква хајка против болницата Жан Митрев“.

Сакаме јавно и прецизно да одговориме низ статистички податоци:

- Во цела држава смртноста од Ковид беше 51%, во Клиника Жан Митрев смртноста беше двојно помала од другите болници во земјава и изнесува 25% и тоа на Интензивна нега.

- Овој процент на смртност од 25 % на интензивна нега во време на Ковид пандемијата во Европа е постигнат само во Германија и во нашата клиника.

- Во Македонија починаа 9663 пациенти од Корона, вие како Јавно обвинителство велите дека 1,7% од починатите биле измамени од нашата клиника.

- Обвинителке што се случува со останатите 98,3% кои починале и нивните семејства во другите болници

Точно обвинителке Хаџивасилева ова не е „некаква“, ова е многу добро организирана хајка, со обвинителен акт чиј што главен доказ е ТВ емисија со сцени од погреб. 

Бидејќи статистичките податоци покажуваат 75% преживување, она што треба да добиеме е извинување и благодарност, а не блокирани сметки и желба за уништување на нашата клиника.

Сите овие бројки укажуваат само на тоа дека вистината е наша страна и дека обвинителниот акт е конструкција и обвинување без никаква основа.

Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника. 

ПР Објава

Слично

Поврзани вести