Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клиника за гинекологија: Пет бебиња починати, зголемен бројот на предвремени породувања

Клиника за гинекологија: Пет бебиња починати, зголемен бројот на предвремени породувања

Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека од 9 до 13 април починале пет предвремно родени бебиња. Од ГАК информираат дека во последните седмици е забележан зголемен број на предвремени породувања

-Бременоста и во нормални околности е проследена со осцилации во емоциите, често е придружувана со зголемена чувствителност и вознемиреност, а очекувано е Ковид-19 да предизвикува нагласена загриженост кај бремените жени. Поради тоа, не е исклучено психолошката состојба на трудниците да има свое влијание и врз поголемиот број на предвремени породувања, во однос на вообичаениот, велат од ГАК.

Станува збор за предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост. На 6 април починале сите три бебиња на родилка која носела тројка и била со високоризична бременост.

- Но, поради екстремната незрелост, многу малата телесна маса, многу малата гестациска недела, бебињата за цело време беа во критична состојба и нестабилни, поради што и покрај терапијата, починаа во различни денови (на 9, 11 и на 13 април). Родилката е тестирана за Ковид-19 и е негативна на коронавирус, соопштуваат од клиниката.

Другите два случаи се од 4 април кај родилка од Скопје во 31 гестациска недела и кај родилка од Струмица забременета ин витро, со близначка бременост на 9 април.

Медицинската директорка на ЈЗУ У ГАК доц. д-р сци Викторија Јовановска побарала стручна помош од епидемиолог, интензивист педијатар и перинатолог кои ќе ја анализираат оваа состојба.

-Напомнуваме, засега не постои научен доказ дека трудниците и родилките имаат поголема чувствителност на Ковид-19,  ниту пак дека се во поголем ризик од зараза. Кај родилките и трудниците со Ковид-19 дури и при евентуална зараза, не е посериозен текот на болеста во однос на општата популација, додаваат од таму.

Доколку имаат потреба од психолошка поддршка, веќе функционира телефонскиот број 078/378-766, кој е наменет токму за психолошка поддршка на трудниците и родилките.


Слично

Поврзани вести