Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клиника за Гинекологија ќе бара повеќе абортуси, а помалку починати новороденчиња

Клиника за Гинекологија ќе бара повеќе абортуси, а помалку починати новороденчиња

Од Клиниката за гинекологија и акушерство ќе испратат предлог до Министерството за здравство преку кој ќе бараат како починати новороденчиња да се водат оние што нема да преживеат по 25-тата недела од бременоста, наместо како што е досега пресметката до 22-та недела од бременоста.

Доколку се симне критериумот за овие три седмици, од таму сметаат дека во евиденцијата ќе се намали смртноста на новороденчињата.

- На овој начин, односно по овој критериум, се пресметуваше се до 2015-та година. Тие што нема да преживеат помеѓу 22-та и 25-недела од бременоста ќе се водат како абортуси, а не како досега - починати новороденчиња, велат од клиниката.

Инаку во последните три месеци на оваа клиника починаа 35 бебиња.

Слично

Поврзани вести