Економија, финансии, бизнис

Контакт

Клик Плус: Заев ја откри владината програма, дали е доволно за Иванов да се предомисли?

Клик Плус: Заев ја откри владината програма, дали е доволно за Иванов да се предомисли?

Зоран Заев ја претстави владината програма со уверувања дека нема промена на Уставот и задирање во унитарноста и суверениот карактер на Република Македонија. 

Дали претседателот Иванов ќе се премисли за да го додели мандатот, како партиите од коалицијата особено од албанскиот блок ќе ја оценат програмата и дали демонстрантите ќе се откажат од протестите за „одбрана“ на Македонија?

Вечерва во Клик Плус ќе се дебатира и за тоа што во пракса значи одлагањето на локалните избори за општините?

На овие и на други теми ќе дебатираат Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник, Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово и Владимир Голубовски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.


Следете ја дебатата Клик Плус на ТВ 21 од 21:30 часот.

Слично

Поврзани вести