Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛИК ПЛУС: Политичарите го одбраа Твитер затоа што е посооодветен и динамичен

КЛИК ПЛУС: Политичарите го одбраа Твитер затоа што е посооодветен и динамичен

Во дебатата „Кој е главен на Твитер? Што има ново на Фејсбук?“ во Клик Плус на ТВ 21 синоќа Дарко Булдиоски кој се занимава со маркетинг рече дека политичарите го одбрале Твитер затоа што е посооодветен и има динамика. 

Според него, Твитер нуди кратка, јасна комуникација. 

Булдиоски вели дека сите амбасади имаат Твитер и комуницираат на тој начин. 

За него ова е сериозна алатка од каде и новинарите преземаат изјави. 

Ивет Ѓорѓиева која е активна на Твитер смета дека Фејсбук стана орудие за пропаганда. 

За себе вели дека само на лаги и пропаганда реагира кога ќе биде испровоцирана. 

„Секоја информација треба да се провери, да се преиспитува, кој е изборот“ - вели таа. 

Јован Димитров Бургунди во дебатата рече дека темите се обработуваат површно и се таблоидизираат. 

Слично

Поврзани вести