Кленк: Напаѓачот во Виена е Албанец од Македонија
Нема официјална потврда од австриските надлежни валсти, но веќе има сознанија за напаѓачот кој синоќа во Виена изврши терористички чин и уби четири лица. Вооружениот маж кој австриската полиција го застрела во виенските напади синоќа бил 20-годишник роден и израснат во Виена. Тој наводно бил познат на домашните разузнавачи затоа што бил еден од 90-те австриски исламисти кои сакале да патуваат во Сирија. Овие зонанија ги има и ги објави на Твитер днеска уредникот на весникот Falter, истражувачкиот новинар Флорин Кленк.
Според Кленк, напаѓачот има албански корени но дека неговите родители биле по потекло од Северна Македонија и немаат никакви врски со исламот. Полицијата сметаше дека тој не е способен да планира напад во Виена, додаде Кленк.
Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите е убиен. Во нападот повредени се 17 лица
ФОТО
EPA-EFE
