Економија, финансии, бизнис

Контакт

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Во Општата болница во Кочани е воведена ПРП терапија (терапија со плазма збогатена со тромбоцити), која се примени кај 10 пациенти повредени во пожарот во март. Медицинската интервенција ја изведе тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Ова го соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

„Ова е огромен чекор напред за здравствениот систем во регионот. ПРП терапијата од сега ќе може да се примени и во Кочани, без потреба пациентите да патуваат до Скопје“, соопшти Клековски.

Претходно, 9 други лица беа третирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, но новиот чекор значи дека ваквата услуга веќе е достапна и во источниот регион, што значително ќе го олесни процесот на рехабилитација за пациентите.

ПРП (Platelet-Rich Plasma) терапијата претставува современ медицински пристап кој користи плазма добиена од сопствената крв на пациентот. Таа е збогатена со тромбоцити и се аплицира директно на местото на повредата, со цел забрзување на процесот на заздравување и обновување на оштетеното ткиво. Најчесто се применува кај изгореници, рани, повреди на меките ткива и пооперативна рехабилитација.

Во пожарот во Кочани во март годинава загинаа 52 луѓе, а околу 200 беа повредени. 

Слично

Поврзани вести