Економија, финансии, бизнис

Контакт

Класната го пофали Заев на 25 години од матурата

Класната го пофали Заев на 25 години од матурата

Премиерот Зоран Заев доби пофалби од својот класен раководител на 25-годишнината од матурата на неговата генерација.

Заев го завршил средното образование во струмичката гимназија како одличен ученик. Се врати денеска, после 25 години од матурирањето, како претседател на Владата на Република Македонија. 

– Горда сум на целата генерација, но посебно на мојот ученик Зоран Заев, кој што денеска е претседател на Владата на Република Македонија. Се гордеам со него и како човек и како политичар. Тој е најдобриот и најуспешниот ученик во мојот 40-годишен работен стаж во образовниот систем – рече класната Билјана Витанова.

По завршувањето на класниот час, премиерот Заев со своите соученици и класната раководителка, дружењето го продолжија во едно од струмичките кафулиња.

Заев, беше ученик во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица во генерацијата 1989 – 1993 година.


Слично

Поврзани вести