Кларк: Земјата да најде излез од кризата што поскоро
„Европската унија сака да види дека сите изборни закони се почитуваат за време и по изборите. Така што, во интерес на земјата е да најде излез од политичката криза што е можно побрзо во согласност со уставниот поредок“, вели Хелен Кларк, генерален потсекретар на Обединетите нации и администратор на УНДП, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Одговарајќи на прашањето колку кризата во државата може да биде пречка за одржливиот развој Кларк вели:
„Понекогаш е потребно повеќе време да се формира влада, тука на пример изборите се одржаа пред повеќе од 3 месеци. Од гледна точка на Обединетите нации, ние навистина би сакале да видиме брза разрешница на кризата во согласност со уставниот поредок, бидејќи гласачите очекуваат нивната волја да биде испочитувана. Секако оваа земја има аспирации за членство во Европската унија и НАТО. Европската унија сака да види дека сите изборни закони се почитуваат за време и по изборите. Така што, во интерес на земјата е да најде излез од политичката криза што е можно побрзо во согласност со уставниот поредок“.
