Клан Македонија: Оливер Спасовски и Дарко Каевски се налутиле и напуштиле состанок
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и актуелниот портпарол и пратеник Дарко Каевски демонстративно го напуштиле состанокот на Извршниот одбор на владејачката СДСМ.
Клан Македонија известува дека ја нашуштија седницата на која што се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, а која што треба да биде денеска објавена од владеачката партија.
Според телевизијата, атмосферата на состаникот на социјалдемократите била многу тензична и пројавено е „огромно незадоволство“ во рамките на самата партија, поради самоволието на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на коишто нема голем дел од најистакните членови.
Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во вестите на Канал 5 демантираше дека имало незадоволство.
