КК „Работнички“ го повикува Антиќ да го среди „шверцот“ со постари кошаркари во младинските лиги
Кошаркарскиот клуб „Работнички“ го повика новиот претседатек на МКФ, Перо Антиќ, и новото раководство на македонската кошарка да го среди „шверцувањето“ со постари играчи во младинските лиги, откако избија наводи дека двајца кошаркари на Дино Баскет играле една година постари од дозволената граница во финалето од М14 лигата во Кочани. Работнички го загуби овој натпревар за титулата на фајнал-фор турнирот и сега тврди, без да ги споменува имињата, дека двајца младинци биле родени 2004 година, иако најстарите треба да се од 2005.
- Станува збор за фалсификувани лиценци и бараме да се казни одговорното лице за овој фалсификат. Антиќ, Гечевски и останатите од новото раководство крајно време е да го средат овој хаос во македонската кошарка. Умавме легитимно право да не го играме овој меч, но не сакавме да им го убиваме натпреварувачкиот дух на нашите младинци - велат од клубот.
„Дино Баскет“ беше домаќин на овој турнир кој претставува завршница на најдобрите четири тимови од лигата, а учествуваа уште и Вардар и МВП Струмица, кои загубија во полуфиналето.
Работнички се пожалил на делегатот и на официјалните лица од МКФ дека КК Дино баскет има две деца со лажирани документи. И по завршувањето на финалето, КК Работнички во Записникот од натпреварот, става забелешка дека има двајца играчи (со имења и презимира) на КК Дино Баскет кои играле со фалсификувани документи. По днешниот состанок во седиштето на МКФ сите официјални лица се оградувале од одговорност, иако било побарано да се приложат само оригинални документи.
