„ЌУТОЛОЗИ НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА СДСМ, САКАМ МОЌЕН СДСМ КОЈ ЌЕ ГО ДРОБИ ДПМНЕ НА ГОВОРНИЦА“: Костовски распали за сопартијците
Лавина критики пристигнаа на сметка на довчерашната владејачка партија СДСМ, бидејќи на конститутивната седница на Собранието, ниту еден пратеник на СДСМ не застана на говорница да земе збор. Таква критика пристигна и од Мартин Костовски, член на СДСМ.
„Главна улога на пратеникот е да зборува на говорница да брани став и да презентира политики, “ќутолози” не му се потребни на СДСМ, фер е на почетокот на мандатот да се каже можам или не можам. Срамота е Левица да го контаминира опозицискиот простор на политичката сцена. Нема страв, мора жестока акција, молкот не е конструктивност.
Сакам моќен СДСМ кој ќе го дроби дпмне на говорница
Слично
