Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќулавкова: Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии

Ќулавкова: Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии

Академик Катица Ќулавкова вечерва на протестот пред Соборниот храм рече дека трансродност е термин кој ги покажува противречностите. Вели дека симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформирала и форсира нешто друго. Академик Ќулавкова рече дека оваа приказна не е наивна. Додава дека се мешаат поимите пол и род. 

„Време е за сериозен дијалог, а не за примитивни иконографии“, рече таа. 

Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан вечерва од протестот пред Соборниот храм изјави дека во училиштата се делат листови со кои се промовираат хомосексуални бракови. 

Вели дека веронауката е потребна. Повика да не се унаказува македонското образование. 

„До кога нашите деца ќе учат од учебници чии содржини се диктираат од туѓи држави и туѓи центри?“, праша поглаварот на МПЦ. 

Повика сите да помогнат за опстанок на семејството. „Полот не е личен избор“ гласи транспарент кој граѓани го носеа на протестот. 

И Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција. 

Слично

Поврзани вести