Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќулавкова смета дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат

Ќулавкова смета дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат

Академик Катица Ќулавкова смета дека преговорите со Бугарија треба веднаш да се прекинат, затоа што нејзините барања кон Македонија се спротивни на меѓународните конвенции. 

Вели дека по неодамнешните барања на бугарската страна, земјава нема гаранции дека ќе започне преговори со ЕУ.

„И да имаме, мислам дека треба да се зачлениме на начин да не се самонегираме и да бидеме преседан, значи непримерен во човештвото“, рече Ќулавкова. 

Таа вели дека ние се претворивме во преседан на Балканот, затоа што сите други држави се национални, а Македонија е мултиетничка. 

Првиот човек на МАНУ, Љупчо Коцарев, по повод денешното одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите изјави дека ако ја изгубиме нацијата, не ни треба европска интеграција.

Вели дека ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести