Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќулавкова: Слоганот „Македонија е бугарска" прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот

Ќулавкова: Слоганот „Македонија е бугарска" прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот

Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата, реагира академик Катица Ќулакова по најновите изјави на дел од бугарските политичари кои велат дека „Македонија е бугарска“. 

Вели дека таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. 


„Таквата историска свест е заслепена, пристрасна, примитивна, фрустрирана, конфликтна и опасна. Слоганот „Македонија е бугарска" прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот. Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање. Сенките на Злото се надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Време на големи манипулации, време на нови трагедии. Споделените места на меморија се духовно и културно наследство на народите, а некои од нив и на човештвото. Ним им се туѓи сите ексклузивни толкувања и присвојувања. Не можете безграничното да го стрпате зад решетките на заробениот ум“, пишуваа таа на Фејсбук. 

Ова не е прв пат бугарските политичари да испраќаат вакви пораки кон Македонија. 

Слично

Поврзани вести