Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќучуков: Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Македонија, но рокот е прекраток

Ќучуков: Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Македонија, но рокот е прекраток

Поранешниот бугарски заменик-министер за надворешни работи Љубомир Ќучуков во изјава за бугарски медиум вели дека Бугарија е под многу силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Северна Македонија.

Сепак, тој смета дека рокот за тргање на ветото за почеток на преговорите на Скопје со ЕУ е прекраток.

„Во сегашните услови, кога во Бугарија претстојат преговори за формирање влада, нема начин да се донесе таква одлука пред самитот на ЕУ“, вели Ќучуков.

Тој смета дека е важно да се види дали декларираниот став на лидерите на „Промената продолжува“, Кирил Петков и Асен Василев за нов пристап во преговорите со Република Северна Македонија, ќе се трансформира во евентуалната коалициска платформа на идната бугарска влада или ќе стане нејзина официјална политика.

Според него, позитивен е фактот што е изразена подготвеност за дијалог од страна на Бугарија, бидејќи дијалогот е единствениот начин да се најде решение.

Коментирајќи ја позицијата на Бугарија за Македонија, Ќучуков вели дека Франција и Холандија го користат она што се случува за да се претстават како позитивно настроени кон проширувањето.

Тој смета дека во пракса Бугарија ја изгубила сета своја предност како земја членка на ЕУ, бидејќи ниту една земја од Унијата не ја поддржува Софија.

Слично

Поврзани вести