Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќучук за можната блокада: Ќе го загубиме кредибилитетот пред нашите меѓународни пријатели

Ќучук за можната блокада: Ќе го загубиме кредибилитетот пред нашите меѓународни пријатели

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европската Унија Илхан Ќучук вели дека ниту една од страните нема да победи со евентуална блокада на македонскиот евроинтегративниот процес. 

Можната бугарска блокада за Македонија ја оценува и како бугарски пораз пред меѓународната заедница.

„Тоа ќе биде пораз за секоја држава од соседството, за мојата држава исто така Бугарија, бидејќи ќе го загубиме кредибилитетот пред нашите меѓународни пријатели и партнери, но и бидејќи сметам дека Бугарија и Македонија се природни сојузници. На крајот од денот тоа ќе бидат три порази. Никој нема да победи од потенцијална или евентуална политичка блокада“, вели Ќучук. 

Нова провокација има од бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски. 

„Македонија без Бугари, оган да ја гори!“, пишува Џамбаски.

Тој поттикна многу коментари со негова објава на Твитер. 

Слично

Поврзани вести