Ќучук вели дека има добри примери кои можат да помогнат за решавање на македонско - бугарскиот спор
Има добри примери кои може да послужат за решавање на спорот со Бугарија, потребни се храбри чекори, вели Илхан Ќучук, известувачот на нашата земја во Европскиот Парламент.
Тој во интервју за бугарските медиуми најави дека ќе се залага и натаму за членство на Македонија во ЕУ, и за решавање на спорот со Бугарија.
Вели дека Македонија постигна успех со учеството во НАТО, но членството на ЕУ е оставено на страна, поради серија на барања, меѓу кои и решавање на прашањето со Република Бугарија.
„Европскиот парламент работи на тоа да има прва меѓувладина конференција“, изјави тој.
Во Бугарија изборите се завршија и сега се оечкува формирање на Влада. Три дена откако го доби, партијата на Бојко Борисов го врати мандатот за состав на нова Влада. Мандатарот определен од ГЕРБ, Даниел Митов го извести бугарскиот претседател Румен Радев дека не успеале да пронајдат коалициони партнери во бугарското Собрание.
Денеска и вчера историчарите од двете земји зборуваа за неколку точки од историјата. Македониај не може да ги почне преговорите со ЕУ додека не го реши спорот со Бугарија.
