Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌУЧУК: Скопје пропушта огромен прозорец на можности кој нема да се отвори во следните неколку години

ЌУЧУК: Скопје пропушта огромен прозорец на можности кој нема да се отвори во следните неколку години

Европратеникот Илхан Ќучук кажа дека Македонија пропушта огромна можност. Тој нагласи дека реформите се важни.

„Скопје пропушта огромни можности со тоа што одбива да ги спроведе неопходните реформи кои ќе му овозможат конечно да ги започне преговорите за членство во ЕУ“, рече бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој кажа дека ЕУ се менува многу брзо. 

„Скопје пропушта огромен прозорец на можности кој нема да се отвори во следните неколку години“, вели европратеникот за БГНЕС. 

Објаснува дека денес политиката на проширување на ЕУ е геополитичко прашање, што може многу јасно да се види на примерот на Украина, Грузија и Молдавија.

Кажа дека постои веројатност Албанија да ги почне преговорите во март или април, со што Северна Македонија ќе остане во групата со Косово и Србија, што ќе им даде дополнителен поттик на антиевропските сили кои се против ЕУ. Македонија не ги внесе Бугарите во Уставот и остана во чекалната на ЕУ.  Во Македонија, власта и опозицијата се обвинуваа кој е крив за застојот во евроинтеграциите. Украина и Молдавија ги почнаа преговорите, а Грузија доби статус кандидат. 

Слично

Поврзани вести