Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќучук: Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е започнат

Ќучук: Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е започнат

Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе започнат по завршување на скринингот, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук за софиската телевизија БТВ.

Вели дека процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е започнат, затоа што се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. 

„Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг“, вели тој. 

Објаснува дека францускиот предлог дојде од ЕУ, беше прифатен со консензус од земјите-членки на Унијата, но наиде на политичка поддршка и во Бугарија и во Северна Македонија. 

„Отсега мораме да ги бараме опциите, ги има многу. Постигнатиот компромис треба да го гледаме како можност за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје“, напиша тој на Фејсбук.

Ќучук  вели дека минатото треба да служи за пример за подобра иднина, а не да биде причина за раздор.

„Ситуацијата со Македонија е комплицирана“, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. 

Додаде дека секој што мисли дека работата е завршена веројатно е наивен. За БНТ, Јотова истакна дека вистинската реализација на постигнатото решение ќе започне наесен. 

Слично

Поврзани вести