Ќучук предупреди дека Македонија може да заостане зад Албанија
Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук вели дека Македонија ризикува да заостане зад Албанија во преговорите со Европската Унија(ЕУ).
Тој нагласи дека потребни се реформи, но и уставни измени. Според него, никој не поставува нови услови.
„Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.
Тој предупреди дека ако земјава не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Македонија ќе остане во иста група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи.
„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен - дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук.
Вели дека одлуката е во рацете на македонските политичари. Maкедонија треба да направи уставни измени, но неизвесно е дали ќе има двотретинско мнозинство.
