Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќучук посочи кој може да биде гарант за конструктивноста на Македонија

Ќучук посочи кој може да биде гарант за конструктивноста на Македонија

Пендаровски може да биде гарант за конструктивноста на Северна Македонија, вели во изјава за МИА, известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук. 

Тој вели дека имал добра средба со претседателот Стево Пендаровски и смета дека тој е тој што може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ќучук рече дека е извесно дека ќе има нови парламентарни избори во Бугарија, што најверојатно ќе значи и повторно одлагање на официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и покрај повиците на највисоките челници на ЕУ да се даде зелено светло за старт на преговарачкиот процес до крајот на јуни годинава. Тој повика македонските власти да се фокусираат на реформската агенда. 

Бугарскиот претседател Румен Радев утре претпладне ќе му даде мандат за состав на нова влада на кандидатот за премиер од втората по бројност парламентарна група – Има таков народ. Ова го соопштија од Кабинетот на бугарскиот претседател.

Партијата на Слави Трифонов, вчера соопшти дека нивни кандидат е Антоанета Стефанова која ќе го врати мандатот за состав на влада на Бугарија. Според бугарскиот Устав, Румен Радев потоа не е должен да се води од бројноста на партија во Парламентот за давање мандат за состав на влада.

Слично

Поврзани вести