Ќучук ќе организира натпревар по историја со ученици од Бугарија и Македонија
Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Македонија, порача известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали.
Тој доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“. Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“ Ангел Јанчев, се договорија од следната година на конкурсот покрај ученици од Бугарија да учествуваат и ученици од Македонија. Двајцата сметаат дека местото на Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е да се развиваат добрососедски односи. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.
