Ќучук: Ќе беше подобро прашањето за „политичката кочница“ Бугарија да го кажеше уште во март
За да најдеме решение, мора да се вратиме на Договорот за пријателство и добрососедство, вели европратеникот и известувач на Европскиот парламенет за Северна Македонија, Илхан Ќучук во интервју за Бугарското национално радио (БНР).
Според него, довербата меѓу двете земји е нарушена. Ќучук вели дека „пореална опција“ е да се направи „добра подготовка во следните шест месеци“, во очекување на словенечкото претседателство со ЕУ, кое ќе следи по португалското.
„Проблемот е јасен – од една страна гледаме цврста позиција од страна на Софија, во која се вели дека има проблем со идентитетот. Од друга страна, гледаме уште поцврста позиција на Скопје дека нема да отстапат од својот идентитет“, вели Ќучук.
Објасни дека ќе беше многу подобро прашањето за „политичката кочница“ Бугарија да го кажеше уште во март годинава, кога ЕУ даде зелено светло за старт на преговорите со Северна Македонија.
