Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌОСЕВ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите

ЌОСЕВ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК: На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите

Професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“ изјави дека од почеток е против ветото и дека официјалниот јазик во Република Северна Македонија не е дијалект на бугарскиот. 

Додаде дека дијалект не се употребува во сите општествени сфери. 

„На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект“, вели Ќосев.

Вели дека јазикот на историските митови и трауми го завладеа бугарскиот и македонскиот политички простор.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, Ќосев, го дефинира како „минимален успех“. Вели дека ветото доведе до тоа да се скараат два братски народи. 

Бугарскиот историчар Стефан Дечев претходно кажа дека е арогантно, навредливо и невоспитано бугарските власти да не го признаваат македонскиот јазик. 

Младите македонисти излегоа со жестока реакција за Унилатералната изјава за македонскиот јазик, која е приложена кон записникот од Првата меѓувладина конференција.

Слично

Поврзани вести