Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќосето: Вршевме голем притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Ќосето: Вршевме голем притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на македонското патриотско здружение „Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов, во изјава за „Макфакс“ вели дека тие долго време се труделе да добијат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, по настаните во Собранието на 27 април и дека време било партијата да преземе нешто.

Од сите страни извршивме притисок во ВМРО-ДПМНЕ за тие да побараат амнестија за нас кои влеговме во Собранието, вели тој. 

„Очекуваме да ја истераат процедурата до крај. Важно е дека партијата го презема првиот чекор, ние сме задоволни иако е доцна бидејќи веќе луѓе лежат по затворите како епилог од настаните во Собранието на 27 април. Ние признаваме дека сме виновни, но на слобода ќе се пуштаат големи криминалци, а нас, кои не направивме ништо, сакаат да нè пикнат во затвор“- вели Ангелов-Ќосето. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават иницијатива за амнестија на луѓето кои беа вклучени во немилите настани во и пред Собранието на 27-ми април, соопшти партијата. Оттаму бараат оние кои се во притвор за собраниските настани неодложно да бидат ослободени и амнестирани. Сметаат дека со тоа ќе се релаксира политичката состојба во земјава.

Слично

Поврзани вести