Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќосето“ нема да оди на Мечкин камен на прослава

„Ќосето“ нема да оди на Мечкин камен на прослава

Дел од така наречените патриотски здруженија најавија дека нема да присуствуваат на прославата на Илинден на Мечкин камен поради тоа што се очекува обраќање на собранискиот претседател Талат Џафери.

- МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето, по повод националниот и свет празник Илинден, нема да присуствува на свечената манифестација на Мечкин камен. МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето нема намера да присуствува а најмалку да учествува на настан кој е организиран од нелигитимна Власт и нелигитимни преставници. Исто така за МПЗ Андон Лазов Јанев Ќосето пратеникот Талат Џафери не е легитимен Претседател на највисокиот орган Собранието на Република Македонија, за тоа тој не го заслужува аплаузот, почитта и присуството од страна на Здружението. Ние како здружение нема да газиме на гробовите и коските на илинденците, и нема да бидеме дел од манифестација која е организирана од нелигитимни преставници, велат од здружението.

Да потсетиме дека дел од членовите патриотските здруженија на ланската прослава на Илинден го исвиркуваа Зоран Заев како претседател на СДСМ. Повеќето од нив носат имиња на историски личности како атентаторот Ќосето, но и Тодор Александров. Дел од нив беа и директни учесници во насилниот напад во Собранието на 27 април.

Слично

Поврзани вести