ЌИРА ЌЕ ГО ПРОДАВА СЛУБЕЖНОТО „АУДИ“ НА МЕРКО: Ќе се возел со неговото приватно возило
Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќира, вчера го прими уверението за мандатот, по што функцијата ја презема од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.
Ќира најави дека ќе го продаде автомобилот „Ауди“ кој го купи Мерко, а неговиот приватен автомобил ќе го користел за службени потреби.
„Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување“, рече Ќира.
Слично
