Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќерката на жената која прегази куче во Улцињ: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената која прегази куче во Улцињ: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на семејството.  

- На видеото се гледа и нашето мало куче Shih Tzu кое е усмртено од шарпланинец преку 50 килограми тежок кој влезе во нашиот апартман, го распарчи нашето куче пред наши очи додека не постоеше начин да го одбраниме и да му помогнеме бидејќи станува збор за крволочно куче кое подоцна не нападна и нас и мојот малолетен брат. Шарпланинецот е удрен за да го оттргне од мене и од моето куче кое почина – рекла ќерката во разговор за телевизија Сител.  

Таа додала дека шарпалнинецот имал сопственик, кој по настанот со толпа негови пријатели им се заканувал пред апартманот.. Тврди дека прегазувањето било обид жената да ги одбрани децата и своето милениче.  Обвинителството во Улцињ попладнево соопшти дека на жената ѝ е одредено 72-часовно задржување и дека е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште.

Обвинителството во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа на жената од Македонија, која прегази куче, инцидент кој беше објавен на социјалните мрежи,поради сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, објави Радио телевизија Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: 

Пресврт во случајот со уапсената Македонка која прегази куче во Црна Гора: Сашка С. вели дека се обидувала да ги заштити своето куче и своите деца

Жена од Македонија е уапсена во Црна Гора откако прегази куче


Слично

Поврзани вести