ЌЕРКАТА НА ПОЧИНАТИОТ МИНОВ ЌЕ БИДЕ НОСИТЕЛКА НА ЛИСТАТА: ДИК ги направи измените
По смртта на Панчо Минов, кој беше носител на независна листа на советници во Кавадарци, носителка на кандидатската листа е неговата ќерка Лимба Минова Златевска. ДИК веќе ги направи измените на веб-страницата.
Претходно, претседателката на Општинската изборна комисија во Кавадарци, Емилија Петровска, во изјава за МИА посочи дека во случај на смрт на кандидат на советник, според Изборниот законик, се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите. Ако кандидатот што починал е носител на листа, како што додава, носител ќе стане кандидатот од кандидатската листа предложен од предлагачот на листата.
Вчера на 67-годишна возраст, почина ексградоначалникот на Кавадарци и поранешен пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов. Тој беше носител на независна кандидатска листа за советници во Општина Кавадарци за овогодинешните локални избори.
