Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ќерка ми почна да работи на 17 години – Зошто барам од неа да ги покрива трошоците за гориво?“

„Ќерка ми почна да работи на 17 години – Зошто барам од неа да ги покрива трошоците за гориво?“

Дали вие би му побарале на вашето дете да почне да плаќа за горивото кога ќе почне да работи? Оваа жена тврди дека на тој начин се труди да го научи девојчето на економска и финансиска независност.

Голем број од родителите се трудат да ги заштитат децата од важните финаниски прашања додека се мали, без да бидат свесни дека со тоа им прават „лоша услуга“ и не ги учат на вистинските принципи и вредности во животот.

Авторката која пишува за Business Insider, Рejчел Гарлингхаус раскажува како со сопругот се обиделе да ја научат нивната 17-годишна ќерка да биде повнимателна со парите и можеби ова е приказна што многумина родители треба да ја применат ако сакаат од своите деца да направат вистински финансиски независни луѓе кои ќе знаат да управуваат со парите што ги заработиле.

Како што раскажува Рејчел, кога нејзината 17-годишна ќерка ја добила првата работа, таа како мајка била пресреќна.

Но, многу бргу сфатила дека до тој момент не ѝ посветиле доволно внимание на една важна тема со ќерката, а тоа е управувањето со пари.

Тинејџерката почнала да работи и по 20 часа неделно и да заработува сопствени пари, но со тоа дошле и нови предизвици. Сè почесто на домашната адреса почнале да пристигнуваат пакети од онлајн нарачки, што било сигнал дека треба да се воведе некаков систем.

Наместо строги правила, родителите одлучиле да ѝ дозволат да учи преку сопствени грешки – но со насока.

Сега девојката сама плаќа за кафе и излегувања, а родителите ѝ наплаќаат симболични 10 долари за превоз до и од работа, со цел да ја подготват за идни трошоци како гориво и одржување на автомобил.

„Сакам да ја научам да ја разбере вредноста на парите, но и да ужива во тоа што го заработува“, вели мајката.

Со текот на времето, девојката почнала да штеди околу 75 проценти од својата плата, но и да размислува пред да купи нешто – дали навистина ѝ треба или е само моментална желба.

Приходите ѝ варираат од месец во месец, што дополнително ѝ помага да сфати дека финансиската стабилност не е секогаш загарантирана.

Мајката признава дека не постои универзален прирачник за воспитување деца кога станува збор за пари, но верува дека најважно е да стекнат основна финансиска писменост и самодоверба.

„Таа учи – а учиме и ние со неа“, заклучува таа.

Дали и кај нас би можеле вака да се однесуваме со децата? Сметате ли дека тоа е корисна лекција за иднината, или, измачување на децата?

РЖМ / Б. С. Б.

Фото: Freepik


Слично

Поврзани вести