Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕБИЊА, ЈАМБОЛИИ, ЧЕРГИ ЗА ДА СЕ СТОПЛАТ КУЧИЊАТА ВО „ЛАЈКА“: Претпријатието ги моли хуманите луѓе за помош

ЌЕБИЊА, ЈАМБОЛИИ, ЧЕРГИ ЗА ДА СЕ СТОПЛАТ КУЧИЊАТА ВО „ЛАЈКА“: Претпријатието ги моли хуманите луѓе за помош

ЈП „Лајка“ известува дека се итно потребни ќебиња, прекривки, јамболии, јоргани, черги, чаршафи, пешкири...

-Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, донирајте ги во ЈП Лајка, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман. Доколку не сте во можност да ги донесете во прифатилиштето на ЈП Лајка, можете да ги донесете на предновогодишниот настан во петок, 23.12.2022 година, во кафе бар Младост од 19:00 – 00:30часот.

Земајќи ја во предвид лошата финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, ЈП Лајка објавува повторно апел до граѓаните за донирање на стари ќебиња, дебели престилки, тепихчиња, јамболии, черги, оштетени стари џемпери кои не ги користите, а се акумулирале со текот на времето во вашите домаќинства и се размислувате да ги фрлите.

Наместо да завршат во отпад, направете хумано дело и донирајте ги за кучињата згрижени во ЈП Лајка. Истите може да ги донесете директно во самото прифатилиште, на адреса ул.840 бр.2 во населба Маџари, секој ден од 09:00 до 19:00 часот или доколку не сте во можност да ги донесете испратете ни меил на info@lajka.com.mk, како би се организирале за подигнување. Поради финансиските потешкотии со кои се соочуваме и не сме во можност сами да ги обезбедиме овие потребни топли помагала за кучињата во ЈП Лајка, ги повикуваме сите добри луѓе на хуманост, во пресрет на студениот зимски период.

До сега беа собрани неколку донации со ќебиња и прекривки од хумани граѓани на кои сме им навистина благодарни, но за жал не се доволни со оглед на тоа дека прифатилиштето има капацитет за згрижување на 100-130 кучиња, пишува во објавата на „Лајка“.



Слично

Поврзани вести