Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПРОМЕНА НА УСТАВ: Ахмети бара албанскиот да биде за меѓународна употреба

ЌЕ ЗНАЧИ ЛИ ТОА ПРОМЕНА НА УСТАВ: Ахмети бара албанскиот да биде за меѓународна употреба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети  бара албанскиот јазик да биде за меѓународна употреба, а со самото тоа и смена на Уставот. 

Ахмети во интервју за порталот Пост.мк вели дека законот е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик  во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

„Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран. Зошто албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но, ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив“- вели Ахмети. 

Премиерот Зоран Заев во изјава  за истиот портал вели дека со Законот за албанскиот јазик се става точка на формалниот и легислативниот дел од Рамковниот договор

„Рамковниот договор значи  рамномерна застапеност на сите и секаде во приватните компании, во јавните институции насекаде и тој дух се следи и треба да се следи, но преку ова правно решение на Законот за јазиците ние правно формално ги затвораме легално ги затвораме аспектите на  охридскиот договор“- вели Заев. 

Дел од експертите за законот веќе алармираа дека е надвор од Уставот. 

Слично

Поврзани вести