Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе завршат ли протестите на работниците во „Еурокомпозит“ по средбата со Кочо Анѓушев?

Ќе завршат ли протестите на работниците во „Еурокомпозит“ по средбата со Кочо Анѓушев?

Се огласи владата по еднонеделниот протест на вработените во „Еурокомпозит“.

Претставниците од синдикатот и менаџерите на компанијата ќе разговараат со вицепремиерот Кочо Анѓушев за да најдат начин како да се реши големиот проблем со компанијата.

Имено, работниците се децидни во своите барања и не отстапуваат во ниедно од нив. Тие не бараат ништо повеќе од тоа што заслужиле и за коешто работеле- компанијата да започне да исплаќа бруто- плата и да се надоместат заостанатите придонеси од јуни 2012 година до денес.


-  Сега засега остануваме со протестите, додека не ја оствариме средбата. Доколку се успее да се најде некое заедничко решение, можеби ќе се прекинат овие штрајкови, а доколку не ќе продолжиме и порадикално. Ние досега имавме дветри средби со Анѓушев, а ова ќе ни биде четврта средба и ние настапуваме со истите ставови и со двете барања- неисплатените плати и бруто- плата- рече претседателот на синдикатот Роберт Богданоски.

- Ставот наш го повторивме и пред вработените, значи истото мислење го делат со нас за да нема отстапки од тие барања, зашто веќе десеттина години сме лажени и еднаш мора да дојде крај на оваа агонија- рече Цветан Бунтески, синдикален претставник во фирмата.


Слично

Поврзани вести