Ќе започне ли денеска судењето за „Маѓар телеком“?
По двегодишни одложувања денес продолжува судењето за случајот "Маѓар Телеком". Случајот на СЈО го води обвинителката Лиле Стефанова.
Во овој случај обвини се тројца поранешни директори на "Телеком", Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.
Во овој случај, постојат сомневања дека се вклучени и функционери и политичари од Македонија, за кои постои сомневање дека земале мито.
Претходното рочиште беше одложено лани во ноември откако судијката Ленка Давиткова, појасни дека до скопскиот Кривичен суд е пристигнат допис од Специјалното јавно обвинителство и дека се бара пролонгирање на судењето. Од СЈО побараа одложување на судењето за „Маѓар телеком“ за да можат да ги проучат бројните списи кои се во предметот.
Судот даде согласност но во записник беше констатирано дека и обвинетите: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се уште се недостапни за органите на прогонот.
Финансискиот скандал кој се поврзува со имињата на некогашните менаџери беше отворен уште во 2008. година кога беше распишана меѓународна потерница за Сендреи, Плат и Кишјакус. Три годни подоцна, односно во 2011. година, тие беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека на сметка на Кипар биле префрлани милионски суми евра.
