Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ВИДИМЕ ЛИ ПРОМЕНА: ФЕД ги задржа каматните стапки стабилни, се приближува кон нивно намалување

ЌЕ ВИДИМЕ ЛИ ПРОМЕНА: ФЕД ги задржа каматните стапки стабилни, се приближува кон нивно намалување

Американската централна банка (ФЕД) денеска ги задржа стабилни каматните стапки и сигнализираше отвореност за нивно намалување, иако не мора веднаш.

Во соопштението објавено по нивниот дводневен состанок, претставниците на ФЕД се откажаа од нивното претходно тврдење дека е можно зголемување на каматните стапки и наместо тоа усвоија поурамнотежена проценка на идната политика, објави Блумберг.

Федералниот комитет за отворен пазар на централната банка денеска оцени дека ризиците за остварување на целите за вработување и инфлација се приближуваат кон рамнотежа.

„При разгледување на какви било прилагодувања на целниот опсег за стапката на федералните фондови, комитетот внимателно ќе ги процени дојдовните податоци, изгледите што се развиваат и рамнотежата на ризиците“, се вели во соопштението.

Федералниот комитет исто така изјави дека нема брзање со намалување на каматните стапки додека не се добие поголема доверба дека инфлацијата одржливо се движи кон нивото од два проценти.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести