Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА ОД ПЛАТИТЕ НА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ: Најплатениот заработува 1,4 милиони евра, а еве кој е тој

ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО ГЛАВА ОД ПЛАТИТЕ НА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ: Најплатениот заработува 1,4 милиони евра, а еве кој е тој

Јавноста го следи секој чекор на шефовите на државите и влади и често се на удар на критика, со обвинувања дека заработуваат енормно високи пари. Еве колку всушност изнесуваат платите на Ангела Меркел, Трамп и останатите...

Германската канцеларка Ангела Меркел прима месечна плата од 27 794 евра, односно 333.528 евра, годишно, вклучувајќи и пратенички примања.

Францускиот претседател Емануел Макрон има нешто помала плата - според податоци на сајтот на Европа1 од мај 2017, заработува 14 910 евра месечно. Неговиот претходник Франсоа Оланд се изборил за намалување на претседателската плата.

Ли Хсијен Лунг, премеирот на Сингапур, е најдобро платен шеф на држава на светот. Според податоците на весникот Велт, заработува 1,4 милиони евра годишно. Семејството на премиерот со децении владее со Сингапур.

Претседателот на Боливија Ево Моралес, ја преполовил сопствената плата во 2006 година. Заработува 1850 евра .

Доналд Трамп претседателот на Америка заработува 33 000 амеркански долари месечно, т.е. 345 000 евра годишно. Бидејќи веќе беше мултимилионер пред да стане шеф на белата куќа, парите од претседателската плата секои три месеци им ги подарува на американските паркови, како и за различни владини сектори.

Слично

Поврзани вести