Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе успее ли Заев „да фрли лопата“ за новиот Клинички центар до 3 јануари?

Ќе успее ли Заев „да фрли лопата“ за новиот Клинички центар до 3 јануари?

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека би сакал да го одбележи почетокот на изградбата на инфраструктурата на новиот Клинички центар во Ѓорче Петров додека е шеф на Владата во овој мандат.  Заев ќе биде премиер до 3 јануари, до кога ќе треба да поднесе оставка и во наредните 100 дена до предвремените парламентарни избори Владата да ја предводи технички премиер.

- Првата фаза од преговорите за кредитната линија, односно техничкиот дијалог со операторите кои би го граделе Клиничкиот центар е завршена. Јас би сакал во овој мандат, односно до јануари да се започне изградбата, но треба да се знае дека може да има и непредвидливи жалби од оние кои загубиле на тендерот. Јавното претпријатие Државни патишта во моментов работи на обиколницата која треба да не поврзе со центарот и се работи на проектирањето на приклучоците со гас и вода. Се надевам дека пред изборите ќе започне изградбата на инфраструктурата до јануари, рече Заев денеска на отворањето на реновиран кат на Клиниката за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во законот за техничката влада останува недоречено прашањето дали премиерот во оставка може да присуствува на одбележување на почетокот на изградба и на отворањето на јавни објекти и настани. Во претходниот мандат на техничката влада во 2016 Никола Груевски пред изборите присуствуваше на јавни настани од ваков тип, иако не како премиер, туку во својство на претседател на тогаш владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести