Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе стартува обновата на пругата Битола-Кременица

Ќе стартува обновата на пругата Битола-Кременица
Градежни активности за обнова на железничката пруга Битола-Кременица се очекува да почнат во втората половина од годината,со изградба на крак до индустриската зона Жабени,најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Проценетата вредност на инвестицијата е 20 милиони евра, а финалната ќе зависи од понудите на компаниите. Заинтерсираните компании треба да достават понуди до почетокот на април. Тендерска документација за градежните работи веќе е одобрена од делегацијата на Европската унија. - Во текот на оваа година ќе започнат градежните работи. Постапката за надзор е објавена, целокупната тендерска документација за градежни работи е одобрена од страна на Европската делегација, очекуваме во текот на април да биде објавена. Периодот за пријавување на компаниите е 90 дена. Оваа година ќе случиме договори и ќе започнеме со градежните работи, изјави Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Бутел. Според министерот изградбата на пругата е значајна за развој на регионот и за железничкото поврзување со Грција, како и за индустриската зона Жабени. - Ова значи развој за овој регион бидејќи ќе имаме ново поврзување помеѓу Македонија и Грција, но иста така е важно што ќе имаме крак до индустриската зона Жабени што ќе ја направи уште поатрактивна како за домашните, така и за странските инвеститори, наведе Јанакиески. Градежни активности опфаќаат обнова на 17 километри пруга од крајот на станицата во Битола до границата со Грција,  реконструкција на повеќе премини, поврзување со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај (патен и товарен) со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.  
Слично

Поврзани вести