Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СТАРТУВА ЛИ ИЗБОРНАТА КАМПАЊА: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат договор за датумот

ЌЕ СТАРТУВА ЛИ ИЗБОРНАТА КАМПАЊА: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ немаат договор за датумот

Се уште не се знае дали и евентуално утре ќе почне изнорната кампања за предвремените парламентарни избори кои според Уредбата на Владата за изборниот процес, а веднаш по завршувањето на вонредната состојба, треба да се одржат на 5 јули. Најголемите политички партии, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се договорија за датумот за изборите, а бидејќи се уште не е утврден ниту ревидираниот роковник на Државната изборна комисија, сосема извесно е дека денеска нема официјално да започне изборната кампања.

Инаку, поради актуелната состојба со корина вирусот во земјава, целата изборна кампања, како што и претходно најавија партиите ќе се одвива преку социјалните мрежи. Нема да има митинзи и други масовни собири, а на самиот ден на изборите строго ќе се применуваат протоколите и мерките за заштита. Изборниот ден овој пат најверојатно ќе трае до 21.00 часот. 


Слично

Поврзани вести