„ЌЕ СТАНЕ ЦРВЕН И БАСТИОНОТ НА ЗАЕВ“, И ВАНКОВСКА БЕШЕ ВО ЦРВЕНО - еве зошто Левица ја почна кампањата во Струмица
Левица за прв ден на кампањата ја избра Струмица. Велат, во тоа има симболика, да пшоцрвени бастионот на Заев.
А, црвена боја носеше и претседателската кандидатка на оваа партија, професорката Билјана Ванковска.
„Достоинството на нацијата почнуваме да го враќаме од градот од каде што излезе мракот за Македонија! Преполната сала во Домот на културата во Струмица докажа дека и „бастионот на Заев“ ќе стане црвен.
Ние немаме избор, нашата Борба е неопходна! Тоа го порачаа кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска, претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ 4, м-р Сашко Јанчев.
Вчера, во рамки на првиот ден од изборната кампања за претседателските избори, беа посетени Радовиш и Струмица, денес продолжуваме со Свети Николе и Штип, а утре во Прилеп и Демир Хисар...“, напишаа на својот фејсбук профил.
