Ќе станат ли ТВ 21 и ТВ 24 национални телевизии?
Двете критички настроени телевизии, ТВ 21 и ТВ 24 имаат иницијатива за добивање на национална концесија, со што би се емитувале на целата територија на државата без оглед на технологијата на емитување и операторот.
„Точно е дека двете телевизии поднесоа барање. Доколку има јавен конкурс, ќе може да конкурира било кој. Двете телевизии немаат предност, туку се само иницијатори“, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги.
Доколку бидат прифатени нивните апликции и притоа ги исполнат сите предвидени законски услови ТВ 21 и ТВ 24 би им се придружиле на веќе постоечките национални телевизии Сител, Канал 5, Телма, Алсат М и Алфа ТВ кои со години зрачат на националниот ТВ етер.
Ако добијат терестријална дозвола, тие ќе можат да зрачат пошироко и ќе имаат поголема покриеност, ќе влезат во трката за реклами со останатата петорка, а секој оператор ќе мора да ги стави во својот пакет програми.
