Ќе следат кривични пријави за пожарот во модуларната болница во Тетово
Тетовското обвинителство уврдило кривична одговорност за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово лани, кога живи изгореа 14 пациенти.
Основното обвинителство во Тетово, како што дознава Алсат, ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице за пожарот во модуларната болница. Предметот се очекува следната недела да биде доставен до Судот во Тетово.
Во текот на предистражната постапка над 30 лекари и медицински сестри кои кобната ноќ беа ангажирани во ковид центарот во Тетово беа повикани да дадат исказ.
Слично
