Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе си почека изградбата на хотели и мотели на езерото Младост

Ќе си почека изградбата на хотели и мотели на езерото Младост

Продажбата на парцелите за изградба на хотели и мотели на езерото Младост кај Велес, времено се запира.

Општината и Министерството за транспорт и врски одлучиле да се повлече јавниот оглас се додека точно не се утврдат парцелите на кои индиската корпорација сака да го гради студенскиот кампус.

Првично Индијците ги разгледаа парцелите позади хотелите. Овие парцели кои сега беа ставени на продажба и се повлечени се наоѓаат пред браната на акумулацијата, над патот кои води кон постоечките угостителски објекти. „Во моментов се врши скенирање на состојбата, и најпотребното место кое ќе биде потребно за оваа инвестиција ќе и биде ставено на располагање на ин диската корпорација“, вели Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес, пренесе „Канал 5“. На Младост, ќе се продава и парцелата на која се предвидува изградба на авто камп. Општината и Агенцијата за развој и промоција на туризмот ги утврдувале критериумите. Вчера, по цена од 71 денар за метар квадратен општината продаде 2 парцели од по 400 метри квадратни за изградба на индивидуални куќи во Велес. На 26 овој месец на јавна лицитација ќе бидат ставени и двете пацели за изградба на згради во месноста Багремче. Тие се дел од дворот на касарната, имаат вкупна површина од 10 илјади метри квадратни и ќе се продаваат по цена од 1.680 денари за метар квадратен.

Слично

Поврзани вести